Испечати

Рафаело торта

Рафаело торта

Состојки

  • Тесто
  • 7 белки
  • 150г шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 пециво
  • 70г брашно
  • 150г кокосово брашно
  • Фил
  • 7 жолчки
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 700мл млеко
  • 100г путер (собна температура)
  • 150г шеќер во прав
  • 400мл слатка павлака
  • Останато
  • 10-12 бисквити
  • малку млеко (за потопување на бисквитите)
  • Декорација
  • малку кокос
  • рафаело топчиња
  • струганици бело чоколадо
  • 20г сецкани бадеми

Подготовка

Подготовка

1. Белките ги матиме во цврст снег, постепено додавајќи го шеќерот. Ги додаваме ванилиниот шеќер, пецивото и брашното и мешаме добро. На крај го додаваме кокосовот брашно и мешаме убаво со лажица. Го делиме тестото на два еднакви дела и ги печеме во калапи, 24цм во загреана рерна на 170 степени, 15-20 минути. По печењето оставаме целосно да се оладат.
2. За филот ги мешаме жолчките со прашокот за пудинг и 200 мл млеко. Останатото млеко (500мл) го ставаме во тенџере на оган да зоврие. Ја додаваме смесата со жолчки во зовриеното млеко и готвиме кратко со постојано мешање (додека да згусне). Оставете целосно да се олади (покриено со најлонска фолија).
3. Путерот го матиме со шеќерот во прав, па го додаваме во оладениот фил.
4. Слатката павлака ја матиме и ја додаваме дел по дел во филот.
5. На чинија за послужување ја филуваме тортата. Најпрво ставаме една од корите, па една третина од филот, потоа редиме еден ред бисквити потопени во млеко, па ставаме уште една третина од филот. Ја додаваме и втората кора и завршуваме со третиот дел од филот. Декорираме по желба. Јас декорирав со кокос, рафаело топчиња, сецкани бадеми и малку бело чоколадо.

Превкусна торта. На здравје!