Пченкарна чорба со златна мешавина (безглутенско)
Состојки
- 1 главица кромид
- 450 гр. златна мешавина (грашок, пченка, морков)
- 1 лажичка хималајска сол
- 7-8 лажици масло
- малку црн пипер
- 1 лажица зачин натурал Густо
- 2 лажици царевно (пченкарно) брашно
- 1,2 литри топла вода
Подготовка
Оваа чорба топло ви ја препорачувам бидејќи сите состојки ги има во секоја сезона, брзо се прави, нема глутен (бидејќи е со пченкарно брашно), посна е, и на крај, многу е здрава и вкусна. Мој изум.
Подготовка
1. Кромидот се сечка ситно и се става во тенџере, му се додава замрзнатата златна мешавина, се става сол и масло и се започнува да се пржи.
2. Зеленчукот ќе испушти течност, а штом таа ќе испари, се пржи додека да порумени.
3. Се става малку црн пипер и зачин натурал, а потоа и пченкарното брашно, и ова се пржи на тивок оган мешајќи интензивно.
4. Штом брашното ќе ја впие течноста, постепено се става топлата вода и се меша додека да се згусни.
5. Се крчка на тивко уште 15-тина минути повремено мешајќи, а пред служење се става сечкан магдонос.
Забелешка
* Количината на сол прилагодете си ја по вкус.
* Доколку немате проблем со консумирање на глутен (јас дома имам член кој не користи глутен), наместо пченкарно, употребете пченично брашно.
* Чорбата не мора да биде посна, може да ставите пилешко варено месо.
(524)