Десерт од боровинки во чаша
Состојки
- 150-200гр свежи боровинки
- 300мл овошен јогурт од боровинки
- 250гр маскарпоне
- 150гр бисквити или некои други кексови
Подготовка
Јас подготвив 4 чаши десерт. Тоа се состојките кои ги употребив во подготовката. Состојките може да варираат во количината во зависност од вашиот вкус.
Подготовка:
1. На почетокот јас ги искршив на средна големина парчињата бисквити, па поделив под еднаква смеса во сите 4 чаши.
2. Во сад на страна ги изматив маскарпонето со 200 мл овошен јогурт од боровинки. Матев добро, смесата да се спои. Ставив од смесата во секоја од чашите, па наредив ред боровинки. Останатите 100 мл овошен јогурт го разделив на сите 4 чаши. Потоа ја повторив постапката уште по еднаш.
Декорирав со свежи боровинки.
На здравје да ви е.