Испечати

Салата со праз, маслинки и кисели крставички (посно)

Салата со праз, маслинки и кисели крставички (посно)

Состојки

  • 1 страк праз (ситно сечкан)
  • 10 црни маслинки (ситно сечкани)
  • 5 кисели крставички (сечкани на коцки)
  • 1/8 лажичка хималајска сол
  • 1 лажица сончогледово масло
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1-2 лажици лимонов сок

Подготовка

Оваа салата е со толку едноставни состојки, а никогаш не сум ја направила, бидејќи во моето опкружување никој не ја спомнал. Во спонтан разговор за претстојните слави, оваа салата ми ја кажа еден колега од друго место, која била редовно мезе на нивното мени за слава. Превкусна е, едноставна, ама и здрава.

1. Празот се сечка на ситно, се става во сад, му се додава солта и маслото, се меша и се остава така да омекне.
2. Маслинките ги сечкаме ситно, киселите крставички на коцки и ги додаваме на празот.
3. Го ставаме и лимоновиот сок, мешаме се`заедно, и си мезиме.

Напомена
* Оваа количина беше доволна за две лица, па може да се прави според потребите.
* Бидејќи маслинките и крставичките се киселки и солени, сепак треба да се
внимава на количината на сол и лимонов сок, а може да се става по желба и оцет.
* По желба салатава може да се збогати и со маринирани шампињони.

(523)