Испечати

Брускети со лук и павлака

Брускети со лук и павлака

Состојки

  • 1 багет
  • 2-3 цели главици лук
  • 100 гр кисела павлака
  • 2 лажички оригано
  • сечкан магдонос по желба
  • по потреба сол, црн бибер и маслиново масло
  • 2 лажички сусам
  • 50 гр рендана шунка
  • 150 гр омекнат маргарин

Подготовка

Брзинско мезе кое е превкусно. Спремете го за гости, за брз појадок или вечера, послужете го со кој било сос. Превкусно е во секој случај.

Подготовка

1. Лукот исечете го колку да се отвори цела главица, на врвот, сосема малку да се видат чешнињата, како на сликата долу. Ставете го во фолија и прелијте со малку маслиново масло и посолете ги. Печете ги така завиткани во фолија 30 минути во загреана рерна.
2. Багетот исечете го на три дела, а потоа сите три преполовете ги во хоризонтала.
3. Премачкајте ги со по малку маргарин од кај кората и наредете ги на пек хартија во плех, со мекото нагоре.
4. Омекнатиот маргарин измешајте го со омекнатиот лук, испасирајте или исечкајте.
5. Додадете павлака, зачини, сусам и шунка.
6. Измешајте убаво и со таа смеса премачкајте ги деловите багет.
7. Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.
Добар апетит.