Испечати

Њујоршки чизкејк

Њујоршки чизкејк

Состојки

  • Основа
  • 200г мелени бисквити
  • 90г путер (стопен)
  • Фил
  • 1кг крем сирење (собна температура)
  • 150г шеќер
  • 6 јајца
  • 30г павлака
  • 1 лажица ванила арома
  • Останато
  • врела вода (по потреба)

Подготовка

Подготовка

1. Мелените бисквити ги мешаме со путерот и смесата ја натапкуваме на дното од калап за чизкејк (22цм). Печете во загреана рерна на 180 степени, 7-8 минути, а потоа оставете да се олади на собна температура.
2. Крем сирењето го матиме со шеќерот. Ги додаваме јајцата едно по едно, матејќи со помала брзина. На крај ги додаваме павлаката и ванилата и матиме убаво.
3. Калапот го обложуваме со неколку слоја алуминиумска фолија многу внимателно, да не може да помине вода. Го истураме филот во калапот.
4. Во поголема длабока тава за печење додаваме врела вода по потреба и го ставаме калапот во водата (водата треба да покрива 2-3 цм од калапот).
5. Ставаме во загреана рерна на 220 степени и печеме 15 минути, а потоа без да ја отвараме рерната намалуваме на 110 степени и печеме уште 65-75 минути. (Се пече прилично долго и на ниска температура бидејќи многу лесно може да испука одозгора). (средишниот дел по печењето треба да делува недопечен, но кога ќе се олади ќе се стегне). Го вадиме калапот од рерна и оставаме да стои во водата уште околу 45 минути, а потоа оставете го да се лади на собна температура. Откако ќе се олади целосно, покриваме со најлонска фолија и оставаме во фрижидер преку ноќ.
Послужете со овошен прелив или мармалад, јас послужив со домашен прелив од јагоди.
На здравје!