Свински кременадли во сос
Состојки
- 2 свински кременадли
- За маринада
- 2лажици масло
- Сол, бибер, зачин
- По малку магдонос, рузмарин, нане
- 100мл вода
- 50мл бело вино
- 1лажица сенф
- 1лажица кисела павлака
- 250гр маринирани шампињони
- 1/2 лажиче куркума
- Малку брашно
Подготовка
Подготовка:
1. Прво измиените кременадли ги просушуваме на кујнска хартија. Во сад ги соединуваме сите состојки за маринада. Убаво ги обложувам кременадлите и ги оставаме во фрижидер.
2. Во тава загреваме малку масло. Кременадлите ги валкаме во брашно и ги запржуваме од двете страни. Сега налеваме вода, протресуваме, односно со дрвена лажица го гребиме дното на садот, за да се деглазира. Поклопуваме и крчка на тивко околу 1 час. Потоа додаваме бело вино и го оставаме да крчка уште 20 минути.
3. Во сад ги соединуваме сенфот, куркумата, киселата павлака и шампињоните. Ги додаваме во садот, каде готвиме и нека крчка се заедно уште 20 минути. Послужуваме со прилог по желба.