Бадем тортичка
Состојки
- Тесто
- 4 белки
- прстофат сол
- 100г шеќер
- 160г мелени бадеми
- Фил
- 80г бело чоколадо
- 90мл слатка павлака
- 4 жолчки
- 30г шеќер
- 80мл млеко
- 1 лажица густин
- 50г путер (собна температура)
- Декорација
- 20г сецкани бадеми
- 100г чоколадо
- 80мл слатка павлака
Подготовка
Подготовка
1. Белките ги матиме со прстофат сол. Шеќерот постепено го додаваме и матиме додека целосно не се растопи. На крај ги додаваме бадемите и мешаме со лажица. Го распоредуваме тестото на плех обложен со хартија (20х30цм). Печеме во загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути. Оставаме целосно да се олади.
2. Белото чоколадо го растопуваме во слатката павлака. Жолчките ги мешаме со шеќерот, густинот и млекото во тенџере и готвиме кратко со постојано мешање додека да се згусне смесата. Оставаме да се олади целосно. Потоа ја мешаме смесата со стопеното чоколадо и на крај го додаваме и путерот. Го оставаме филот во фрижидер околу 1 час.
3. Оладеното тесто го сечеме на два еднакви дела. Едниот дел го ставаме на чинија за сервирање, па додаваме половина од филот. Го ставаме вториот дел од тестото, па го додаваме и вториот дел од филот. Посипуваме со сецкани бадеми и оставаме тортата да се стегне во фрижидер, најдобро преку ноќ.
4. Чоколадото го растопуваме со слатката павлака и ја премачкуваме тортата. Оставаме кратко да се стегне чоколадото и тортата е спремна за послужување.
*од овие состојки излегува мала тортичка (4 парчиња).
На здравје!