Торта за прваче
Состојки
- Жолт пандишпан (потребни се два)
- 3 јајца
- 3 лажици шеќер
- 3 лажици брашно
- 7гр. пециво
- Кафеав пандишпан
- 3 јајца
- 3 лажици шеќер
- 2 лажици брашно
- 1 лажица какао
- 7гр. пециво
- Жолт фил
- 300мл. млеко
- 3 жолчки
- 3 лажици шеќер
- 3 лажици брашно
- 1 ванила
- 65гр. путер
- 40гр. шеќер во прав
- Кафеав фил
- 250мл. млеко
- 3 лажици шеќер
- 1 пудинг од чоколадо
- 140гр. маскарпоне
- 30гр. црно чоколадо (74%какао)
- 1/4 ампула рум екстракт
- За попрскување на пандишпаните
- по потреба млеко
- За премачкување на тортата
- 400мл. слатка павлака
Подготовка
Подготовка:
1. Жолт пандишпан - Изматете ги пенесто јајцата и шеќерот. Додајте го просеаното брашно и пециво и измешајте со дрвена лажица во еден правец, одоздола, па нагоре. Истутере ја смесата во округол калап (24цм), премачкан со масло и набрашнет. Печете на 180 степени, 15-20 минути. Направете уште еден ваков пандишпан.
2. Кафеав пандишпан - Изматете ги пенесто јајцата и шеќерот. Додајте ги просеаното, брашно, какао и пециво. Измешајте со дрвена лажица во еден правец. Истутере ја смесата во калап и печете на 180 степени, 15-20 минути. Испечените пандишпани оставете ги убаво да се оладат.
3. Жолт фил - Со жица за матење изматете ги жолчките и шеќерот. Додајте го просеаното брашно и малку од млекото. Измешајте убаво со жица да нема грутки. Останатото млеко и ванилата ставете ги да се загреат. Додадете ја изматената смеса и мешајте додека се згусти. Оставете да олади. Путерот изматете го со шеќерот во прав. Додајте го оладениот крем и изматете да се соедини убаво.
4. Кафеав фил Со малку од млекото, растворете го пудингот и шеќерот. Останатото млеко ставете да се загрее. Додајте го растворениот пудинг и мешајте додека се згусти. Додајте го чоколадото и мешајте додека се растопи. Оставете да се олади, па додајте го маскарпонето и рум екстрактот. Изматете со миксер за убаво да се соедини.
5. На подлога за торта ставете жолт пандишпан. Попрскајте го со млеко. Нанесете го жолтиот фил.
Ставете го кафеавиот пандишпан, попрскајте со млеко, па ставете го кафеавиот фил. Одозгора ставете го другиот жолт пандишпан и попрскајте го со млеко. Целата торта премачкајте ја со изматена слатка павлака.
Украсете по желба.