Испечати

Македонска, виткана векна

Македонска, виткана векна

Состојки

  • 20гр свеж квасец
  • 1лажиче шеќер
  • 1лажиче сол
  • 3лажици сончогледово масло
  • 170мл млако млеко
  • 1 јајце
  • Околу 330гр брашно
  • За премачкување
  • 50гр путер
  • 1 јајце
  • сусам

Подготовка

Подготовка:

1. Во топлото млеко ставаме шеќер, квасец и лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да се активира
2. Потоа во вангличка го ставаме квасецот, јајцето, маслото, солта и промешуваме. Постепено додаваме брашно, да добиеме мазно, по малку лепливо тесто. Го покриваме и оставаме да се дуплира.
3. Потоа го делиме на 3 топки. Секоја ја расукуваме во мала коричка. Со половина путер ги премачкуваме 2 корички и сите 3 ги редиме една врз друга.
4. Од нив сучиме голема правоаголна кора. Оставаме 10 цм на почетокот, па сечeме ленти, широки 2,3 цм Нив ги виткаме како спирали. Сега роламе од горниот дел према себе.
5. Вака подготвената векна ја ставаме врз хартија за печење и ја сместуваме во тесен долгнавест калап. Го нанесуваме остатокот на путер, премачкуваме со јајце и наросуваме сусам Оставаме да Стаса 30 минути, па печеме во загреана рерна околу 30 минути. Ја вадиме на решетка да подизлади, па ја сервираме.
На здравје.