Испечати

Чоколадни корпички со фил од боровинки

Чоколадни корпички со фил од боровинки

Состојки

  • За корпички
  • 100г темно чоколадо (сецкано)
  • 4 лажици зајтин
  • За фил
  • 150г боровинки
  • 3 лажици шеќер
  • 5г желатин
  • 50мл вода
  • 250мл слатка павлака

Подготовка

Подготовка

1. За корпичките го растопуваме чоколадото со зејтинот. Растопеното чоколадо го премачкуваме (со помош на лажичка или четка) на внатрешноста на силиконски калапчиња за мафини (може и хартиени). Ги оставаме калапчињата кратко во фрижидер, превртени наопаку, врз чинија на која сме поставиле хартија за печење. Премачкуваме уште еден слој од чоколадото и ги оставаме во фрижидер да се стегнат убаво додека го подготвуваме филот.
2. Желатинот го мешаме во водата и го оставаме да набари.
3. Боровинките заедно со шеќерот ги ставаме во тенџере на оган да зовријат. Миксираме со рачен блендер. Ги тргаме од оган и го додаваме набабрениот желатин да се растопи. Оставаме смесата да се олади.
4. Ја матиме слатката павлака и ја мешаме со изладениот фил од боровинки.
5. Ги вадиме корпичките од фрижидер, внимателно ги одвојуваме од калапчињата и ги полниме со филот со помош на шприц за декорација.
6. Декорираме по желба и послужуваме.

*јас користев млечно чоколадо, но не го препорачувам за овој рецепт бидејќи потешко ја одржува формата и премногу брзо се топи.
*излегуваат 6-8 корпички зависно од големината на калапчињата.