Ароматичен pull apart леб
Состојки
- 120 мл млако млеко
- 50 мл јогурт
- 50 гр растопен путер +2 лажици бон масло
- 1лажиче сол
- 20 гр свеж квасец
- 1 лажиче шеќер
- 1/2јајце
- Околу 350 гр брашно, Камко
- Премаз
- 2,3 лажици домашен доматен сос со босилек
- 100гр кашкавал
- 1 грст ливчиња босилек
- Малку бибер
- 30 гр стопен путер
- 1/2 јајце за одозгора, сусам
Подготовка
Подготовка:
1. Во млекото го ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка ги ставаме стасаниот квасец, масло, путер, сол, јајце, јогурт и промешуваме со вилушка. Постепено додаваме брашно и замесуваме средно меко тесто. Го покриваме со чиста крпа и го оставаме да се дуплира.
3. За тоа време во чашата на нутрибулет ги соединуваме сите состојки за премаз. Од стасаното тесто сучиме правоаголна кора, која убаво ја премачкуваме со премазот. Ја сечеме на квадрати. Исправени квадратите ги редиме еден до друг, во долгнавест правоаголен плех, за леб. Одозгора премачкуваме со остатокот на јајце и наросуваме сусам.
4. Оставаме да стаса околу 30 минути, па го печеме во загреана рерна да зарумени. Сервираме топол со чаша јогурт.