Торта со готови кори, пудинг и сируп од урми
Состојки
- 1 пакетче готови кори за торта
- 1 литар алпско млеко
- 3 ќесички прашок за пудинг од ванила
- 7 лажици шеќер
- 200 гр маргарин
- 200 мл слатка павлака
- 12на лажици сируп од урми
- Глазура
- 100 гр чоколадо + 50 мл слатка павлака
- по желба шлаг
Подготовка
Со готовите теста се прават најбрзите торти, а најдобри и највкусни погодени се баш оние од Кам, бидејќи во составот се толку меки што најчесто не им треба топење, но ако би се решиле, како во овој случај, тогаш кога јадете, нема да знаете кој дел е фил, а кој паднишпан. Едноставно се спојува се во едно кремасто залаче.
Подготовка
1. Од млекото, шеќерот и прашоците за пудинг сварете крем.
2. За кратко време откако сте го тргнале од рингла додадете го маргаринот исечкан на парчиња и мешајте енергично, додека не се добие една многу убава мазна смеса. Истото може да го направите и со оладен сварен пудинг, на кој ќе го додавате маргаринот или путерот со миксер. Но, мене вака ми е полесно и побрзо.
3. Откако ќе излади кремот, посебно се мати слатката павлака и се додава во него.
4. Секоја кора се премачкува со сирупот од урми, отприлика со по 4 лажици и потоа се филоваат двете кори. Најгорната се глазира со стопеното чоколадо и слатка павлака и по желба се украсува со шлаг.