Испечати

Лесна торта со јагоди и кисела павлака

Лесна торта со јагоди и кисела павлака

Состојки

  • 300 до 400 гр пишкоти, или кои било бисквити
  • 150 гр шеќер во прав
  • 150 гр смрзнати јагоди
  • 200 мл млеко
  • 800 гр кисела павлака

Подготовка

Подготовка

1. Павлаката се меша добро со шеќерот во прав, бисквитите се потопуваат во млеко, секоја пред да се употреби.
2. Се реди во калап обложен со фолија, ред бисквити, ред јагоди, ред павлака крем. Се почнува и се завршува со бисквити.
3. Јас користев дел пишкоти, дел обични биксвити, со тоа што пишкоти ставив од околу, на најдолниот и на најгорниот ред, а во внатрешноста искршив обични бисквити. Употребете според можностите, во секој случај резултатот ќе биде вкусен и освежителен десерт.
4. И овошјето може да го промените или да ставите мешано.
5. Откако ќе завршите со редење на тортата, ставете ја во фрижидер преку ноќ да отстои, пред да ја послужите.