Испечати

Крем паста со пилешко

Крем паста со пилешко

Состојки

  • 500 гр тестенини
  • 400 гр пилешки стек
  • 100 гр маринирани печурки
  • 300 мл павлака за готвење
  • 100 гр пармезан
  • 50 до 100 гр кашкавал
  • зачини лук во прав, оригано, црн бибер, сол
  • по потреба маслиново масло

Подготовка

Многу кремаста, калорична паста, ако сакате да си ја почастите трпезата и душичката со нешто убаво и вкусно. Не одзема многу време, а задоволството за непцето е гарантирано.

Подготовка:

1. Стекот го измив, го исушив со хартија, па го маринирав со горенаведените зачини и со маслиново масло, па го ставив во фрижидер и стоеше 20 часа пред да го пржам.
2. Тестенините ги сварив во солена вода и ги тргнав на страна.
3. Стекот го испржив во намрсена тава, подлабока. Го тргнав на страна и го исечкав на мали парчиња.
4. Потоа го вратив во длабоката тава, додадов уште малку масло и печурките.
5. Сосема малку ги пропржив заедно со месото.
6. Потоа додадов павлака, пармезан и кашкавал. Промешав и оставив 5 минути на тивок оган да се крчка.
7. Потоа ги додадов варените тестенини со 1 кутлача вода од кај што се вареа.
8. Се крчкаа уште 10 до 15 минути, на тивко.
Пробајте дали ви недостасува уште од некој зачин и ако да, додадете го.

Добар апетит.