Бурбон ванилни мафини од апарат
Состојки
- 1 јајце
- 2 паковки бурбон ванила
- 1/2чаша грчки јогурт
- 1/2чаша шеќер
- 200 гр брашно
- 50мл зејтин
- 2 лажици несквик
Подготовка
Подготовка:
1. Во сад изматете го јајцето со ванилите и шеќерот. Додајте го грчкиот јогурт и маслото, а потоа сувите состојки. Јас пола смеса ја направив со несквик, а пола без.
2. Калапчињата ги премачкав со масло, па им ставив по две три лажици од смесата. Ги редев директно во апаратот за топол воздух. Ги пуштив на температура за мафини. Се печат додека не ја добијат убавата боја. Редев по три на едно печење. Толку ми се големи калапчињата.
По вкус можете да ставите крем или мармалад. Нека ви се слатки.