Испечати

Мармалад од зрели смокви

Мармалад од зрели смокви

Состојки

  • 3 кг Смокви (излупени)
  • 300 гр Шеќер
  • 3 Ванили
  • 1 Лимон (сокот)

Подготовка

Мармаладот од смокви е најлесниот и најбрз за правење, а превкусен за јадење. За кратко време ќе имате вкусен домашен мармалад, кој е одличен за јадење, за палачинки, штрудли, торти, колачи.
Количината на шеќер е променлива во зависност од смоквите и тоа колку сакате да биде благ. Јас во случајов користев многу благи и зрели смокви, и на количина од 3 кг смокви употребив само 300 гр шеќер.

Подготовка
1. Смоквите ги лупиме и сечеме на помали парчиња. Ги ставаме во длабоко тенџере, на средна температура да се варат. Откако ќе поминат 10-на минути, со помош на стапчест блендер ги блендираме смоквите до добивање на мазна структура. Потоа ги додаваме 3-те пакетчиња ванилин шеќер, сокот од лимон и шеќерот.
2. Продолжуваме со варење на мармаладот на средна температура (4-ка од вкупно 6 кај мене) со постојано мешање, околу 1-1,5 часа.
3. Мармаладот е готов кога ќе се познава дното од тенџерето (видете додатна слика), односно кога ќе се прави како „пат„. Исто така, за да ја проверите густината и блажината на мармаладот, кога ќе мислите дека е прикрај тргнете 1 лажица настрана во чиниче од мармаладот, нека олади и пробајте тогаш.
4. Теглите ставете ги во рерна, малку да се загреат, па потоа ставете го готовиот мармалад во загреаните теглите и убаво затворете ги. Завиткајте ги за да бидат топли и оставете ги така (најдобро преку ноќ до сабајле).

*Забелешка - Од оваа доза направив 3 тегли мармалад. За љубителите на вкусот на рум, можете да додадете неколку лажички рум.

На здравје!