Телешки јазик со целер и моркови
Состојки
- 1 телешки јазик
- За варење
- Вода, сол, лист ловор, зрна бибер,
- 1 кромид,
- 5 зрна јенибар
- Дополнително
- масло
- 4,5 моркови
- 3 гранчиња целер
- 1/4 главица целер
- Магдонос
- Сол, бибер, зачин
Подготовка
Подготовка:
1. Прво телешкиот јазик го ставаме во ладна вода да отстои 2,3 саати. По потреба водата ја променуваме.
2. Потоа го ставаме во тенџере, додаваме вода, сол, зрна бибер и јенибар, ловоров лист, кромид. Вариме на тивко околу 2 часа. Го оставаме малку да се излади, а течноста ја процедуваме.
3. Го лупиме убаво јазикот. Го сечeме на 9,10 парчиња. Секое парче го запржуваме од двете страни кратко.
4. Вака подготвен го редиме во земјена тава, додаваме многу ситно сецкан корен и лист од целер, крупни кругови морков,сол, бибер, зачин. Налеваме од процеденaта течност колку да го покрие.
Попрскуваме со масло. Го динстаме во рерна околу 2 часа на тивок оган. По потреба може еднаш да се преврти. Го вадиме од рерна кога скоро е останато само мрсното. Посипуваме со свеж магдонос и го послужуваме ова несекојдневно, но мераклиско јадење.
На здравје.