Лута Паста со чаден колбас, шампињони, домат
Состојки
- 300гр макарони, ригатони....
- вода и сол за варење
- прелив
- 1лажица масло
- 200гр сецкан, чаден колбас
- 200гр маринирани шампињони
- 1 лута пиперка
- 1 голем , излупен црвен домат
- ливчиња магдонос и босилек
- 100гр коцки кашкавал или биено сирење
- зачини по вкус, сол, бибер
Подготовка
Подготовка:
1. Прво во тенџере ставаме вода и сол да зоврие. Потоа ја додаваме тестенината да се вари според упатството.
2. За тоа време во тава ставаме малку масло, додаваме сецкан, чаден колбас и сецкана пиперка.
Запржуваме 4,5 минути, додаваме рендан, поголем домат, динстаме некоја минута, па додаваме сецкани магдонос и босилек, шампињони. Нека крчка се заедно уште некоја минута. Додаваме и половина црпалка вода, каде се вареше тестенината. На крај додаваме кашкавал или биено сирење.
3. Во преливот ги додаваме исцедените тестенини и убаво соединуваме. Сервираме во 2 тањири и послужуваме додека е топло.