Испечати

Блондис колач со круши

Блондис колач со круши

Состојки

  • 200 гр. брашно
  • 60 гр. кафеав шеќер
  • 80 гр. растопен путер
  • 2 круши
  • 1 лажичка цимет
  • прстофат сол
  • 8 гр. пециво
  • 1 јајце

Подготовка

За разлика од популарните браунис колачи, во блондис колачите не се додава чоколадо. Овојпат јас ги спремав со комбинација на круши. Одлични, ви ги препорачувам.

Подготовка
1.Крушите се лупат, се сечкаат на коцки и се додаваат во тава на оган, со цимет, неколку минути или додека не заруменат.
2. Во друг сад матат, со миксер, јајца и шеќер, додека сместа не стане пенеста. Потоа се додаваат брашното, пецивото, солта и растопениот путер и се мати уште со мисер, додека смесата не стане хомогена. На крај се додаваат изладените круши и се меша смесата со шпатула.
3. Тавата за печење обложете ја со хартија за печење, додајте ја смесата и печете околу 40 минути на 180 степени.
4. Изладенот блондис сечете го на коцки и наросете го со шеќер во прав.

На здравје.