Испечати

Домашни лазањи

Домашни лазањи

Состојки

  • домашни јуфки кори (за лазањи)
  • 300 гр мелено мешано месо + 1 главица кромид
  • 5 црвени домати + 1 пиперка
  • 1 мала тиквица
  • 100 гр сечкани печурки
  • 1 ловоров лист
  • 1 лајче сув зачин
  • 1/2 лајче црн бибер
  • Бешамел сос
  • 500 мл млеко
  • 1 лајче сол
  • 1/2 лајче црн бибер
  • 200 гр кашкавал
  • 2 свежи пиперки
  • 2 лажици брашно

Подготовка

Овие лазањи ги направив со домашни тестенини кои летово ги направив со машинка за јуфки.

ПодготовкаЧ

1. Се пржи исецканиот кромид заедно со пиперката. Потоа се додаваат исечканите домати заедно се варат 10 мин. Сето ова се блендира во хомогена смеса.
2. На страна се запржува месото и во него се додава блендираната смеса.
3. Во друго тавче се пржат исечканите печурки и исечканата тиквица. Се става сол, бибер и црвена пипер и се соединуваат состојките.
4. Бешамел сос. Во длабок сад се става путерот и брашното. Се пржи 5 мин. Постепено се додава млекото и се вари во густ крем-сос.
5. Во тава се става масло и се редат тестенините за лазањи (не се варат). Врз нив се става дел од меленото месо и кашкавалот. Така се прави додека се потроши целата смеса. Најгоре се рендана кашкавал и се прелива со бешамел сос. Се остава да се впие и се пече на 200С- 25мин.

На здравје.