Испечати

Мраморен кекс

Мраморен кекс

Состојки

  • 2 јајца
  • 1/2 чаша шеќер
  • 1/4 чаша масло
  • 2 чаши брашно
  • 1/2 чаша кисело млеко
  • 1/2 ќесе пециво
  • 2лажици суво грозје
  • 1лажиче рум
  • 3 зрели сецкани смокви
  • 1лажиче какао

Подготовка

Подготовка:

1. Во вангличка се ставаат јајцата и шеќерот и матиме до побелување Со исклучен миксер, ги додаваме течните состојки, па натопеното суво грозје во рум, смоквите, брашното и пецивото. Убаво со лажица ги соединуваме сите состојки.
2. Поголем дел од смесата истураме во долгнавест калап за леб. Во остаток на смесата додаваме просеано какао и промешуваме. Ја додаваме кафената смеса врз жолтата и со нож правиме малку шари.
3. Печеме околу 35 минути на 180 степени. Испечениот кекс од кога е изладен, го сечеме на парчиња и сервираме.

Користена е чаша од 200мл