Пилешка салата
Состојки
- 200 гр Пилешко месо
- 1 мало ќесенце Саламурени печурки
- 4-5 Кисели краставички
- 2 м.л. Сенф
- 1 мало ќесенце Мајонез
- по потреба (околу 300гр) Павлака
- 50 гр Ореви (сецкани)
- по вкус сол, црн бибер
Подготовка
Оваа салата најчесто ја правам со стек или со копани со надкопан, кои прво ги варам, па го сецкам месото. Овојпат имав останато месо од печена кокошка, па решив да го искористам на овој начин.
Подготовка:
1. Месото го сецкаме на мали парчиња. Го ставаме во длабок сад.
2. Киселите краставички, исто така, ги сецкаме и ги додаваме во садот.
3. Печурките ги цедиме од вишокот на течност, па ги сецкаме и ги додаваме кај месото и краставичките. Додаваме и сецкани ореви, сенф, мајонез, павлака. Посолуваме и ставаме црн бибер по вкус. Промешуваме да се соединат состојките.
4. Оваа салата се јаде ладна и најубаво е отстои во фрижидер неколку часа пред да ја послужите.
*Забелешка - По вкус можете количината на мајонез да ја зголемите, и обратно, количината на павлака да ја намалите, доколку сакате да ви доминира вкусот на мајонез.
Оваа доза е доволна за една чинија како на сликата, инаку вообичаено за некој повод правам поголема количина со 1 кг пилешко месо, 1 тегло сецкани шампињони и пола тегло кисели краставички.
На здравје!