Испечати

Печено авокадо за здрав доручек

Печено авокадо за здрав доручек

Состојки

  • 3 зрели авокада
  • 3 јајца
  • 3 кришки интегрален леб
  • 1 домат исечкан на коцки
  • 1/4 кромид исечан
  • 50 г рендан кашкавал
  • 50 г исечкано димено месо
  • малку сол и оригано

Подготовка

Авокадото ми е еден од омилените зеленчуци и освен свежо, често го печам, кратко, со други додатоци и е одлично. Дури и ако ми остане, го јадам наредниот ден. Овде додадов јајца, домат, кромид, малку кашкавал и димено месо. Количината е за тројца.

Подготовка:

1. Изматете ги јајцата и додадете го исечканиот домат, кромид, кашкавалот и месото, додадете зачинини и промешајте.
2. Авокадата пресечете ги на половина и отстранете ги семките. Наредете ги на тавче обложено со хартија за печење. Во истото тавче ставете ги и кришките леб.
3. Длабнатините на авокадата наполнете ги со филот, внимавајте да не ви течe по страните. Од истиот фил, ставете и врз парчињата леб и убаво распоредете го. Тавата ставете ја да печe во загреана рерна на максимална температура околу 10 минути.
На здравје.