Испечати

Боем Торта

Боем Торта

Состојки

  • 10 белки
  • 180г шеќер
  • прстофат сол
  • 30г какао
  • 20г брашно
  • 200г мелени лешници
  • 6 жолчки
  • 180г шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 70г густин
  • 500мл млеко
  • 180г путер (собна температура)
  • 4 жолчки
  • 120г шеќер
  • 2 лажици млеко
  • 100г чоколадо за готвење
  • 1 лажичка инстант кафе, растворена во 2 лажици млака вода
  • 180г путер (собна температура)
  • 100г чоколадо за готвење
  • 1 лажица масло за јадење
  • крупно сецкани лешници

Подготовка

Подготовка

За тестото
1.Прво ги матиме белките со прстофат сол. Додаваме 180 г шеќер постепено и матиме додека шеќерот целосно не се растопи. На крај додаваме 20г брашно, 30г какао и 200г мелени лешници и мешаме убаво со лажица (не со миксер).
2. Го делиме тестото на три еднакви дела и на плех обложен со хартија за печење ги израмнуваме во кружна форма со дијаметар 24-25 цм. Печеме во загреана рерна на 180 степени дваесетина минути. Оставаме целосно да се изладат.
За жолтиот фил
3. Шест жолчки ги матиме со 180г шеќер и кесичка ванила. Кога смесата ќе добие светла боја и ќе стане пенаста, додаваме 70г густин, мешаме убаво и додаваме 50мл млеко. Останатите 450мл млеко ги загреваме до пред зовривање. Потоа, смесата со жолчки ја додаваме во млекото со постојано мешање. Вариме неколку минути (додека да згусне смесата). Оставаме целосно да се олади во сад покриен со најлонска фолија.
4. Матиме 180г путер со миксер и постепено го додаваме во жолтиот крем и мешаме до целосно соединување. Го делиме жолтиот фил на два еднакви дела.
За чоколаден фил
5. Матиме 4 жолчки со 120г шеќер. Кога ќе добиеме пенаста светла смеса, додаваме две лажици млеко и мешаме убаво. Готвиме на пареа (врз друг сад во кој има вода што врие) со постојано мешање. Кога шеќерот целосно ќе се растопи (десетина минути) тргаме од оган и додаваме 100г чоколадни капки или чоколадо за готвење исецкано поситно и мешаме додека целосно не се растопи. Оставаме покриено да се олади целосно.
6. Матиме 180 путер и го додаваме во оладениот чоколаден фил заедно со раствореното инстант кафе и мешаме убаво.
Составување и декорација
7. Во нелеплив калап за торта (24цм) прво ставаме една печена кора (ја прилагодуваме големината на корите, скратуваме со нож доколку има потреба). Потоа го додавме едниот дел од жолтиот фил и израмнуваме. Ја ставаме втората кора и притискаме благо, потоа го додаваме чоколадниот фил (околку една третина од чоколадниот фил тргаме на страна за декорација). Израмнуваме и ја додаваме и третата кора. Го додаваме и вториот дел од жолтиот фил и израмнуваме.
8. Со помош на слаткарски шприц ја декорираме тортата по рабовите со чоколадниот крем што го зачувавме.
9. Растопуваме 100г чоколадо за готвење, со 1 лажица масло за јадење. Оставме да се олади 20тина минути, па го истураме врз тортата и израмнуваме. Украсуваме и со сецкани лешници.
Тортата е превкусна.

На здравје!