Овошен микс
Состојки
- зрна грозје по потреба
- 3 топки диња
- 4-5 смокви
- 1 лажиче мед (по вкус)
Подготовка
Летото полека си оди, но зад себе ни остава изобилие на овошје, кое можеме да си го комбинираме по вкус, за да добиеме вкусни, а здрави десерти, како засладување пред или после напорен ден.
Подготовка:
1. Овошјето најнапред измијте го, смоквите исечете ги на крукчиња, а грозјето изронете го.
2. Од дињата направете топчиња со лажица за сладолед.
3. Во тркалезна чинија, смоквите наредете ги на крајот, највнатре во средината ставете ги топките диња, а грозјето распоредете го наоколу низ чинијата.
4. Оваа беше моја идеја за декорирање, и додадов уште малку мед како прелив одозгора.
5. Вкусовите на овошјата прекрасно се надополнуваат, и за миг имате полна чинија вкусен десерт, кој често пати го користам и како еден цел оброк или ужина.
6. Јас ставив од овошјата количински за двајца, а вие можете ако ви се допаѓа оваа идеја да си ставите колку што имате потреба.
На здравје!