Испечати

Јајла чорба (Yayla Çorbası)

Јајла чорба (Yayla Çorbası)

Состојки

  • 1,200 литри вода
  • 1/3 чаша ориз
  • 1 полна чаша густ јогурт
  • 1 рамна лажица брашно
  • 1 жолчка
  • 1 лажиче сол
  • Заливка
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица суво нане

Подготовка

Оваа чорба доаѓа од турската кујна и за мене е тотален новитет кој многу пријатно и вкусно ме изненади. Во ладните зимски денови ќе ја има почесто на нaшето мени.

Подготовка:

1. Во тенџере ставете литар вода да зоврие, па додадете го оризот да се свари. Во сад, на страна, измешајте ги јогуртот, жолчката и брашното. Солта можe да ја додадете сега или на крајот. Сето ова убаво измешајте го со жица, да се соедини во крем смеса.

2. Откако ќе се свари оризот во тенџерето, додадете ја и останатата вода, па со кутлача, две црпења, ставете од врелата вода, во мешавината со јогурт и енергично измешајте со жица. Потоа истурете ја смесата во тенџерето мешајќи. Намалете ја силата на ринглата и оставете да вари уште некои 5 минути

3. Путерот ставете го во сад за сос, на рингла да се стопи, па додадете го нането и пржете го една минута да пушти од неговата арома. Потоа додадете го во тенџерето со чорбата. По една минута исклучете ја ринглата. Чорбата е готова.