Испечати

Страчатела чизкејк

Страчатела чизкејк

Состојки

  • 180г мелени бисквити
  • 80г стопен путер
  • 400г крем сирење (собна температура)
  • 100г шеќер во прав
  • 200мл слатка павлака
  • ванила
  • 50мл млеко
  • 1 лажица желатин
  • 100+30г темно чоколадо (ситно исецкано)
  • 30мл слатка павлака

Подготовка

Уште еден лесен за подготовка десерт.

Подготовка:

1. Мелените бисквити ги мешаме со путерот и ги натапкуваме на дното на калап за чизкејк (20цм).
2. Крем сирењето го матиме сo шеќерот и ванилата. Во посебен сад матиме 200мл слатка павлака и ја додаваме во смесата со крем сирење. Желатинот го додаваме во 60мл млеко, да набабри, па го растопуваме во микро. Го додаваме и желатинот во смесата со крем сирење и мешаме убаво. Додаваме 100г сецкано темно чоколадо, мешаме подготвениот фил го истураме во калапот.
3. За декорација растопуваме 30г чоколадо со 30мл слатка павлака. Со лажица истураме, дел по дел, од смесата врз филот, а потоа со вилушка или чепкалка правиме форми. Оставаме вo фрижидер преку ноќ.
На здравје!