Брзи Плазма Баунти штангли (без печење)
Состојки
- 1 дел
- 300 гр Плазма бисквити (мелени)
- 200 гр Чоколадо (за готвење)
- 120 мл Млеко
- 2 г.л. Шеќер во прав
- 2 дел
- 500 мл Млеко
- 80 гр Пченичен гриз
- 120 гр Шеќер
- 180 гр Кокос
- Глазура
- 100 мл Слатка павлака (хопла)
- 100 гр Чоколадо (за готвење)
- 40 гр Путер
- За наросување одозгора - малку кокос
Подготовка
Едноставни Баунти штангли за сите љубители на кокос.
1. Бисквитите ги мелеме и ги ставаме во длабок сад.
2. Чоколадото, шеќерот и млекото ги ставаме во сад на пареа, мешаме додека да се растопи чоколадото. Оваа чоколадна смеса ја истураме врз мелените плазма бисквити. Мешаме да се соединат убаво состојките. Истресете ја смесата, па со дланката притиснете насекаде подеднакво (во сад со димензии околу 30х25) врз хартија за печење.
3. Сега го припремаме вториот дел. Ставаме во тенџерче на посилна температура 300 мл од млекото и шеќерот, нека зоврие. Останатото млеко го додаваме кај гризот, мешаме. Кога ќе зоврие млекото со шеќерот, го додаваме и гризот со другиот дел од млекото и веднаш ја намалуваме температурата. Мешаме цело време до згуснување (околу 2-3 минути), тргаме настрана и го додаваме кокосот. Мешаме да добиеме компактна смеса, која ја распоредуваме рамномерно врз првиот дел.
4. Глазурата се припрема на следниот начин - во мало тенџерче ги ставаме наведените состојки (на средна температура) мешаме до растопување на чоколадото и путерот, да не зоврие. Прелијте преку филот од кокос, наросете одозгора кокос и оставете убаво да излади и да се стегне.
5. Сечеме на штангли со големина по желба.
Забелешка -Ако сакате да приготвите посна варијанта, користете посни бисквити и оризово или бадемово млеко, а глазурата направете ја од црно чоколадо и малку масло.
На здравје!