Чоколаден тарт
Состојки
- 300г мелена плазма (или друг кекс)
- 150г стопен путер
- 200г млечно чоколадо
- 100г темно чоколадо
- 200мл слатка павлака
- свежо овошје (за декорација)
Подготовка
Многу лесен за подготовка, превкусен.
Подготовка:
1. Мелените бисквите ги мешаме со стопениот путер. Ги натапкуваме во калап за тарт. Оставаме во фрижидер.
2. Двата вида чоколадо ги сецкаме и ги ставаме во подлабок сад. Слатката павлака ја загреваме до пред да зоврие. Ја истураме слатката павлака врз чоколадото и оставаме 5 минути. Мешаме додека чоколадото не се растопи целосно.
3. Вака подготвениот ганаж го истураме врз основата во калапот и декорираме по желба.
4. Треба да отстои, најмалку 2 часа во фрижидер, но најдобро преку ноќ.
*препорачувам да го користите она чоколадо кое ви е највкусно и за јадење. Јас користев млечна милка и чоколадо за готвење менаж.
На здравје!