Овошен замрзнат јогурт (oд диња)
Состојки
- 200 гр Диња
- 200 гр Кисело млеко
- по потреба Шеќер во прав
Подготовка
Ова е еден од постарите рецепти што ги имам, во кој може да користите било какво овошје (сезонско) по ваш вкус.
Подготовка
1. Дињата (исецкана) ја ставаме во блендер, го додаваме и киселото млеко и шеќерот. Блендираме до хомогенизирање.
2. Добиената смеса се префрла во пластичен сад со капак и се става во замрзнувач да се стегне. Пред послужување го вадиме садот на собна температура 5 минути.
*Забелешка - Количината на шеќер определете ја самите (зависно од блажината на самата диња). Во мојот случај дињата беше многу малку блага, па затоа решив да ја искористам на овој начин.
Доколку сакате да направите замрзнат јогурт со друго овошје, битно е да се запази грамажата на овошјето и киселото млеко, односно треба да бидат со иста грамажа, а шеќерот е според потребата и вкусот.
На здравје!