Бабка со крем од фстаци
Состојки
- 350г брашно
- 50г кокосов шеќер (или кафеав)
- 1 лажичка ванила
- 1 кесичка сув квасец
- 30г путер
- прстофат сол
- 200мл млако млеко
- 200г крем од фстаци
- малку сецкани фстаци
- шербет (40мл вода + 60г шеќер)
Подготовка
Подготовка:
1. Во подлабок сад ги мешаме брашното, шеќерот, ванилата, солта, квасецот и млекото. Мешаме убаво со дрвена лажица. Месиме 10тина минути, додека да добиеме растегливо тесто. Го оставаме тестото покриено да стасува 1 час.
2. На набрашнета површина го вадиме тестото и го месиме кратко. Расукуваме тенка кора (5мм) во правоаголна форма. Го премачкуваме тестото со крем од фстаци (околу 2см од рабовите оставаме празно). Внимателно го виткаме тестото во ролат (од подолгиот крај). Со остар нож го пресекуваме по должина и двете страни ги преплетуваме. Краевите со притискање ги спојуваме и префрламе во садот во кој ќе печеме, обложен со хартија за печење. Оставаме да стасува уште 45 минути.
3. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути (додека да добие боја).
4. Додека се пече подготвуваме шербет. Зовриваме 60мл вода со 60г шеќер.
5. Штом ќе ја извадиме од рерна бабката ја премачкуваме со шербет, додека е врела.
На здравје!