Испечати

Брза овошна салата

Брза овошна салата

Состојки

  • 1 поголема праска
  • 1 банана
  • 3,4 коцки лубеница
  • 150 гр овошно јогуртче од праска
  • 7-8 замрзнати капинки

Подготовка

Кога ви се јаде нешто освежително, а брзо, оваа овошна салата е совршена за тогаш.

Подготовка:

1. Овошјето го сецкаме на коцки, ставаме еден ред, па го додаваме овошното јогутче и потоа остатокот од овошјето.
2. Од горе ги додаваме замрзнатите капинки, кои за брзо ќе се одмрзнат ама ќе и дадат на салата многу подобар вкус.
Декорираме со ливчиња нане.