Испечати

Овошна диња

Овошна диња

Состојки

  • пола Диња
  • 2 Модри сливи
  • 1 Праска
  • 10 Малини
  • нек.коцкички Диња
  • пола пакетче (5гр) Желатин (растворен со 2,5 г.л. ладна вода)
  • пола Лимон (сокот) околу 50 мл, плус вода 75 мл.

Подготовка

Овошна салата, овојпат припремана на сосема поинаков начин. Со секој залак уживавме во нејзиниот вкус.

Подготовка:
1. Дињата ја миеме, бришеме, па ја сечеме на половина и со помош на лажица го вадиме семето.
2. Останатото овошје го миеме, а праската, дел од другата половина диња и сливите, ги сецкаме на помали парчиња. За полнење на половинката диња искористив околу 150 гр мешано овошје.
3. Исецканото овошје го ставаме во вдлабнатината на дињата.
4. Сега го припремаме желатинот. Се раствора во ладната вода и се остава да набабри 10-на минути.
5. Исцедениот сок од лимон и водата ги загреваме, и во таа течност го додаваме набабрениот желатин да се растопи. Со оваа течност го преливаме овошјето. Дињата сега ја ставаме во фрижидер (најдобро преку ноќ) за да се стегне желатинот.
6. Добро оладената диња ја сечеме на парчиња и уживаме во секој загриз.

*Забелешка - Во зависност од големината на дињата, количината на овошје, желатин и сок од лимон е променлива. Овошјето е избор на вкус. Со овие мерки јас направив салата искористувајки ја само едната половинка од дињата.

На здравје!