Испечати

Рустичен, сезонски кревок колач

Рустичен, сезонски кревок колач

Состојки

  • 2 јајца, големина L
  • 1 чаша шеќер
  • 1/2 чаша масло
  • 1 чаша кисело млеко
  • 2 чаши брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванила со вкус на портокал
  • 1 голема праска, кај мене нектарина
  • 1 големо јаболко
  • Шеќер во прав

Подготовка

Подготовка

1. Во вангличка се ставаат јајцата, ванилата и шеќерот. Се мати смесата убаво да побели. Со исклучен миксер ги додаваме маслото и киселото млеко, во 2 наврати, со промешување. Потоа додаваме брашно и пециво. Соединуваме. Смесата ја распоредуваме во калап бр 20,со обрач.

2. Излупеното овошје го сецкаме.
Го поставуваме на површината.
По желба, со врв на ножот, го притискаме да влезе навнатре. Јас не го притиснав. Го печеме десертот 45 минути, на 180 степени, да добие убава боја.
Го оставаме 5 минути во калапот.
Потоа внимателно го вадиме и го оставаме на решетка да се излади.
Го посипуваме со шеќер во прав. Сечеме парчиња и сервираме.

*Забелешка -  како мерка е користена е чаша од 200 мл.