Браунис кекси
Состојки
- 350гр чоколадо за готвење, 45% какао маса
- 115гр путер
- 3 јајца
- 115гр кафен шеќер
- 1 ванила
- 100гр брашно
- 1/4 лажиче сол
- 1/2 кесенце пециво
Подготовка
Ондадвор овие кекси се крцкави, внатре се меки и се топат во устата. Јас од кога ги испеков, уште топли само ги оформив со помош на алатка, за да ми бидат сите исти на изглед, што и не е задолжително.
Подготовка:
1. Во сад над пареа ги растопуваме путерот и чоколадото. Тргаме на страна.
2. Во вангличка ги ставаме јајцата, шеќерот, ванила и сол. Матиме со миксер.
Со исклучен миксер ги додаваме растопеното чоколадо и путер, па соединетите брашно и пециво. Лесно ја мешаме и изедначуваме смесата. Ја оставаме во фрижидер да се излади околу 30 минути.
3. Сега со помош на лажиче земаме од смесата и редиме во плех на растојание. Ги печeме само 8 минути. Готови се кога на површината ќе распукаат. Постапката е иста со целиот материјал, oдносно со вториот плех. Ги чуваме во лимени кутии.