Тиквички во пиво
Состојки
- Смеса за валкање на тиквичките
- брашно
- пиво
- сол, вегета, куркума и други зачини по желба
Подготовка
Од сите многубројни верзии за спремање на тиквички, оваа ми е број 1! Крцкави, вкусни, се јадат за час.
Подготовка:
1. Направете ја смесата за валкање на тиквичките, која треба да е погуста од онаа за палачинки, за да може убаво да се налепи на самите тиквички.
2. Валкате тиквичка и веднаш ja пржите на добро загреана масло. Откако ќе се испржат, многу убаво оди, врз нив, да ставите прелив од павлака, споена со малце кисело млеко, сецкано лукче, копар исто може. Но, тоа по желба. И без ништо врз нив, се превкусни.
Добар апетит!