Чоколаден тарт со солена карамела
Состојки
- 350г брашно
- 50г какао
- 50г шеќер
- 150г путер
- ванила арома
- 3-4 лажици млеко
- 80г солен путер
- 150г шеќер
- 150мл слатка павлака
- ванила арома
- 1 лажичка морска сол
- 100 мл слатка павлака
- 250г темно чоколадо
Подготовка
Подготовка:
1. За тестото го мешаме брашното, какаото и 50г шеќер. Го додаваме путерот исечен на коцки и го втриваме со брашното. Додаваме малку ванила арома и млеко по потреба, за да формираме тесто. Тестото во најлонска фолија го оставаме во фрижидер најмалку поповина час.
2. Тестото го расукуваме во тенка кора и го префрламе врз калап за тарт. Го местиме убаво од страните и го острануваме вишокот. Боцкаме со вилушка на дното и печеме во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Го оставаме тестото да се олади целосно.
3. За карамелата: Во тенџере на оган го топиме солениот путер. Додаваме 150г шеќер и мешаме додека шеќерот не се стопи. Кога смесата ќе добие златно-кафена боја, тргаме од оган и додаваме 150мл слатка павлака истовремено мешајќи. Мешаме додека да добиеме мазна смеса. На крај додаваме морска сол по вкус. Оставаме да се олади, скоро до собна температура, па ја истураме карамелата врз испеченото и оладено тесто. Оставме во фрижидер.
4. За чоколадото: Загреваме на оган 100мл слатка павлака (до пред да зоврие). Чоколадото го сецкаме и го ставаме во длабок сад. Ја истураме загреана слатка павлака врз чоколадото и оставаме 5 минути. Потоа мешаме додека чоколадото не е целосно расотпено без грутки и додека добиеме мазен ганаж. Оставем да се олади на собна температура. Ганажот го матиме со миксер кратко, додека да добие посветла боја. Со помош на шприц за декорација го нанесуваме врз слојот карамела.
*Доколку не сакате солена карамела може да се користи несолен наместо солен путер и да се прескокне целосно употребата на морска сол.
На здравје!