Испечати

Слатко сирење во лубеница

Слатко сирење во лубеница

Состојки

  • 1 лубеница
  • 200-250 гр крем сирење
  • 100 мл слатка павлака
  • 1 пакетче шлаг пена
  • 2 сок од лимон или лимета
  • 1 мала краставица

Подготовка

Подготовка:

1. Исечете ја лубеницата како плоча со дебелина од 3-4 см.

2. Со малку поголемо калапче за колачи (кружно или четириаголно) исечете парчиња.

3. Секое парче во длабина од 2/3 исечете го со исто такво помало калапче, па со лажиче извадете ја внатрешноста.

4. Крем сирењето, со мал дел од слатката павлака, измиксирајте го да станe воздушесто. Потоа додадете го остатокот и убаво измешајте, да се соедини и да дојди како крем.

5. Со овој фил наполнете ја внатрешноста на парчињата лубеница, а одозгора ставете малку шлаг, припремен спрема упатството. Наредете на секое ¼ кругче краставица или повеќе и оставете во фрижидер да се олади.

6. Пред служење наростете секаде со сок од лимон. Сокот од лимон го потенцира вкусот на лубеницата.

*Доколку сакате појак вкус на сирење, тогаш можe крем сирењето да го замените со меко козјо или кравјо сирење, кое ќе го раскремите со неколку лажици млеко.