Сушен домат на Сонце
Состојки
- 2 кг домати
- ....... сол
Подготовка
Подготовка:
1. Се мијат доматите и се сечат на тенки парчиња. Се ставаат во плех од рерна и се сушат на балкон на јако Сонце. Ги искористив овие жешки денови за сушење на доматите. На секој домат му ставав по половина лажичка сол, оригано и мајчина душичка. Се сушеа 3 дена.
2. Може, потоа, да се стават во тегла со маслиново масло, босилек, мајчина душичка и лук. Но, може и да се стават во замрзнувач и по потреба да се употребат. Превкусни се пробајте направете ги. Искористете го Сонцето.