Испечати

Грчки колачи

Грчки колачи

Состојки

  • 3 јајца
  • 3 филџани масло
  • 3 лажици мед
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 650 гр брашно
  • Глазура
  • 20 лажици млеко
  • 2 лажици маргарин
  • 3 лажици какао
  • 3 лажици шеќер
  • марамлад за лепење -по желба
  • кокос за валкање

Подготовка

Подготовка:

1. Се замесува тесто од наведените состојки. Ако е меко тестото, се додава брашно по потреба. Се меси убаво, за да може да се формираат форми. Јас правев разни форми долги, округли, на ренде. Се печат на 200С-20мин.
2. Кога колачите ќе оладат се лепат по две и се глазираат во глазурата до пола. Потоа се валкаат во кокос или ореви. Некои ги глазирав и во бело чоколадо .