Паштета од црн домат
Состојки
- 1 среден црн домат
- 3 лажици мелени ореви
- 1 лажиче сенф
- 1 лажица маслиново масло
- 2 лажици кисела павлака
- Сол бибер
- 1 чешне лук по желба
Подготовка
Подготовка:
1. Прво црниот домат го печеме и го ставаме во најлонска кеса.
2. Штом се излади го лупиме и го сецкаме на коцки.
3. Сите состојки ги ставаме во чашата на нутрибулет. Со кратки пулсирања, убаво ја соединуваме цела смеса. Сервираме во сад.
Оставаме во фрижидер да отстои 1 час, па сервираме.