Сочни пилешки стапчиња (во маринада од млеко)
Состојки
- 500 гр Стек
- 250 мл Млеко
- 5-6 г.л. Масло
- по вкус - сол, мешан зачин.
- За поховање
- 1-2 Јајца
- по потреба Лебни трошки и сусам
Подготовка
Доколку сакате пилешките стапчиња да ви бидат кревки и сочни, тогаш најсигурниот начин за тоа е да ги припремите во маринада од млеко. Јас тоа најчесто го правам од вечер за наредниот ден. Понекогаш во маринадата додавам и 1 лажица сенф. Превкусно е и така и имаат убав шмек. Тоа доколку сакате додадете го по желба.
Подготовка -
1. Стекот (малку пододмрзнат) го сецкаме на парчиња. Го ставаме во сад со капак. Го додаваме млекото и зачините, промешуваме убаво. Го покриваме садот со капакот и го оставаме во фрижидер одвечер.
2. Наредниот ден, ги поховаме парчињата стек прво во јајцето, па во мешавината од презла и сусам.
3. Пржиме во загреано масло на средна температура. Готовите пилешки стапчиња ги вадиме врз кујнска хартија.
На здравје!