Смути од лубеница
Состојки
- 200 гр Лубеница (исечкана на коцкички)
- 1 г.л. Мед со саќе
- 2-3 Коцки мраз
- пола Лимон (сокот)
- 100 мл Вода (ладна)
Подготовка
Рецепт кој освен што е едноставен за припрема, одличен е и за жешките денови. Покрај тоа, смутито од лубеница е нискокалорично, па е одличен избор и за оние што се на диета и сите оние кои практикуваат здрав начин на исхрана.
Подготовка -
1. Лубеницата ја сечеме на помали коцкички (ако сакате може и да не ја исчистите од семките) и ја ставаме во замрзнувач.
2. Потоа во чашката од блендерот ги ставаме парчињата лубеница, сокот од лимонот, мразот, водата и медот. Блендираме до хомогенизирање.
3. Послужуваме веднаш во висока чаша и додаваме 2-3 коцки мраз.
*Забелешка - доколку немате мед со саќе, можете да ставите обичен мед, една голема лажица.
На здравје!