Испечати

Овошна салата со лубеница, диња и малини

Овошна салата со лубеница, диња и малини

Состојки

  • 1 Лубеница
  • 1 Диња
  • 1 рака Малини
  • пола Лимон (сокот)
  • 1 лажица Мед

Подготовка

На многумина од нас едно од освежувањата во летните горештини се овошните салати. Меѓу големиот избор, еве еден предлог од мене за една превкусна и полна со овошен сок салата.

Подготовка:
1. Дињата и лубеницата најпрво добро оладете ги.
2. Потоа пресечете ги на половина и едната половина од дињата или од лубеницата, искористете ја како чинија во која ќе ја сервирате салатата.
3. Од лубеницата и од дињата длабиме со лажица топчиња (или едноставно исечете коцкасти парчиња).
4. Добиените парчиња ги редиме наизменично во издлабената половина од лубеницата, ставаме и од малините и на крај прелеваме со цедениот сок од лимон, измешан со мед.
5. Послужуваме веднаш (или по потреба салатата ја покриваме со стреч фолија и ја одложуваме во фрижидер до послужување)

На здравје сладење!