Испечати

Бисквитен колач со фил од банани и праска

Бисквитен колач со фил од банани и праска

Состојки

  • околу 400 гр какао бисквити
  • 1 шолја млеко (за да ги потопите бисквитите)
  • 450 гр зрели банани (кај мене беа 4)
  • 150 гр зрела праска (1 голема)
  • 3 ќесички шлаг пена во прав
  • 200 мл слатка павлака
  • За украсување - чоко прелив или рендано чоколадо

Подготовка

Подготовка:

1. Испасирајте ги бананите и праската со вилушка или рачен блендер и во нив додајте ги ќесичките шлаг пена. Матете со миксер додека се згусти, некои 5 минути. Толку.

2. Доколку сакате послатко и овошјето не ви е доволно слако, можe да додадете малку шеќер спрема вашата желба. Доколку пак потешко се прави како крем, ставете го на кратко (некои 15-на минути во замрзнувач) и продолжете со матењето. Колку е поладно овошјето, толку полесно се претовра во крем, масата, во текот на матењето.

3. Во тава наредете бисквити 3х4, претходно кратко потопени во млеко, потоа ставете половина од филот. Потоа повторно ред бисквити и повторете уште еднаш. Над последниот, трет слој бисквити, премачкајте ја изматената слатка павлака и украсете со чоко прелив или парченца чоколадо.

• Овој колач препорачувам да го чувате во замрзнувач, бидејќи овошниот фил така ствара ефект на сладолед. Така да го јадете, малку пододмрзнат. Вистинскиот ефект, т.е. си легнуваат сите состојки еден ден покасно од моментот кога ќе се направи. Кога не е сезона, може да користите да е само банани.