Испечати

Меки лиснати кифли (со мармалад)

Меки лиснати кифли (со мармалад)

Состојки

  • 150 мл Млеко (млако)
  • пола коцка Квасец
  • 1 г.л. Шеќер
  • 1 Јајце
  • 100 мл Јогурт
  • 100 мл Масло
  • прстофат Сол
  • пола Пециво
  • околу 500 гр Брашно
  • Плус за премачкување - 50 гр Маргарин (стопен)
  • За полнење на кифлите - неколку лажици маралад по вкус.
  • За наросување одозгора - шеќер во прав.

Подготовка

Меки, превкусни кифлички, ова е еден од рецептите кои едноставно морате да ги пробате, нам ни се омилени.

ПодготовкаЧ
1. Најпрво го активираме квасецот со додавање на млекото, шеќерот и 1 лажица од брашното.
2. Потоа во длабок сад ги ставаме останатите наведени состојки, од кои брашното на крај (јас употребив точно 520 гр).
3. Замесуваме глатко нелепливо тесто, кое го покриваме со стреч фолија и го оставаме на топло место да стаса.
4. Стасаното тесто го делиме на 9 исти топчиња (по околу 100 гр секое). Со помош на сукало, расукуваме едно топче во форма на круг (големина колку чинија), го премачкуваме со силиконска четка со растопениот маргарин, врз него ставаме друго расукано и премачкано со маргарин топче, а врз второто го ставаме третото расукано топче (тоа не се премачкува со маргарин). Ги ставаме во некоја чинија и покриваме со стреч фолија додека да завршиме со преостанатиот дел од тестото.
5. Истата постапка е и со преостанатите 6 топчиња (значи вкупно добиваме 3 кори направени од по 3 топчиња).
6. Потоа на набрашнета работна маса ги ставаме првите 3 кори, набрашнуваме и одозгора, и расукуваме округла кора, која ја сечеме на 8 дела, за 8 кифлички. На секој дел ставаме мармалад и ги формираме во кифлички (види додатна слика).
7. Истата постапка е и со останатите 2 дела, со по 3 кори. Вкупно добиваме 24 кифлички, од секој дел по 8. Ги редиме во плех, врз хартија за печење. Не се премачкуваат со ништо. Ги покриваме и ги оставаме да стасаат.
9. Печеме во загреана рерна на 200 степени до заруменување (јас печев пола час). Печените и подизладени кифлички ги наросуваме со шеќер во прав.

На здравје!