Испечати

Палачинки со киноа и овес

Палачинки со киноа и овес

Состојки

  • 100 гр варена киноа
  • 150 мл млеко
  • 1 јајце
  • 1 ½ лажица мед
  • 200 гр овесно брашно
  • ½ пециво
  • ½ лажиче сода бикарбона
  • 3 лажици грчки јогурт
  • 1 лажиче арома од ванила

Подготовка

Подготовка:

1. Во блендер ги ставаме варената киноа, млекото, јајцето и медот. Блендираме.
2. Во длабок сад ги ставаме овесното брашно, пецивото и содата бикарбона, промешуваме. Ја додаваме течната смеса која ја изблендиравме. Промешуваме. Ги додаваме грчкиот јогут и аромата од ванила. Промешуваме. Ја оставаме смесата да стои 10тина минути.
3. Во загреано тавче, со нелепливо дно, премачкано со кокосово масло, ставаме 2 лажици од смесата. Печиме 3-4 минути на средна температура, ја превртуваме палачинката и печиме уште толку од другата страна.
4. Јас ги послужив така што ги ставав една врз друга, измеѓу премачкав со грчки јогурт, во кој додадов агаве сируп и ставив капини и боровинки. По желба може да ставите врз најгорната палачинка и путер од кикиритки.