Испечати

Освежувачки витамински пијалок

Освежувачки витамински пијалок

Состојки

  • 1 Јаболко
  • 1 Праска
  • пола Лимон (сокот)
  • 100 мл Вода (ладна)
  • 4-5 Коцки мраз
  • 1 м.л. Мед

Подготовка

Пијалок полн со витамини, кој е вистинско освежување за жешките летни денови.

Подготовка:
1. Во чашката од блендерот ги ставаме (претходно измиени и излупени) јаболкото и праската исецкани, на помали парчиња. Ги додаваме и медот, лимоновиот сок, водата и коцките мраз. Блендираме до хомогенизирање.
2. Послужуваме веднаш и уживаме во неодоливиот вкус.

На здравје!