Испечати

Солени вафли со тиквички и чедар

Солени вафли со тиквички и чедар

Состојки

  • 3 помали тиквички
  • 2 јајца
  • 120г чедар
  • 50г рендан пармезан
  • бибер
  • 1/4 лажичка пециво
  • 120г брашно
  • сецкан магдонос
  • сол по вкус
  • зејтин за премачкување

Подготовка

Подготовка:

1. Тиквичките ги лупиме и рендаме, ги посолуваме и ги оставаме да пуштат вода.
2. Ги цедиме ренданите тиквички со раце и ги додаваме во подлабок сад. Додаваме јајца, бибер, чедар (рендан или сецкан), пармезан, магдонос, сол и мешаме убаво. На крај ги додаваме брашното и пецивото и мешаме.
3. Формираме вафли со големина по желба и печеме на загреан апарат за вафли околу 3 минути.
Одлични се послужени со павлака или со крем сирење.
Може да се направи и полнета варијанта. Ставаме две готови вафли со две парчиња чедар измеѓу на загреан апарат за вафли, го затвораме капакот и печеме околу 2 минути (додека да се стопи чедарот).

На здравје!